Борусија Дортмунд не успеа да победи на гостувањето во Гелзенкирхен. Шалке одигра 2-2 и освои бод прекинувајќи ја серијата победи на осум натпревари на „милионерите“ во Бундес-лигата.
Нико Шлотербек донесе водство за Борусија Дортмунд во 38.минута, но Шалке израмни преку Бултер на почетокот на вториот дел.
Рафаел Гереиро во 60.минута повторно обезбеди предност за „милионерите“, но бод за Шалке донесе Караман со голот во 79.минута од дуелот и ги разочара гостите.