Иако англиските медиуми велат дека младиот Португалец на лето ќе се пресели на „Енфилд“ сега во игра за потписот на овој фудбалер влегува и Милан. Италијанскиот состав се обидува да го намами Карваљо кон „Сан Сиро“ со ветување за поголема минутажа.
Фудбалерот, кој има 19 години би добил значајна улога на позицијата полушпиц, каде „росонерите“ моментално го имаат само Брахим Дијаз. Карваљо оваа сезона блеска во Чемпионшип дивизијата и на 18 натпревари има седум голови и четири асистенции.