Фудбалерот на италијански Торино, Пјетро Пелегри е нов светски рекордер, зашто успеа за помалку од три секунди откако почна мечот викендов во Болоња да се – повреди.
„Тутоспорт“ пресмета дека не се случило во историјата на фудбалот за така краток период, од само две секунди и три десетинки да се повреди еден фудбалер, откако ја прегледале снимката и направиле комплетна анализа.
Пелегри настрада од првиот старт на противнички фудбалер, а после укажаната лекарска помош се испоставило дека не може ни да го продолжи мечот. Тој го урнал досегашниот редкорд што пред седум години го постави Марко Медел, чилеански фудбалер на мечот Сантијаго Вандерерс – Универзидад де Консепсион откако соиграч налетал на него и го повредил.
Торино после повеќе од три години првпат успеа да ја победи Болоња со 2-1.