Луис Назарио да Лима или попознат како Роналдо беше фудбалски идол на секое дете во 90-тите години од минатиот век, но и на почетокот на 21.век.
Бразилецот популарно беше наречен „Eл феномено“ или феноменот поради неговиот невиден фудбалски талент. Еден од ретките играчи кои играле за лути ривали како Барселона и Реал Мадрид, но и Интер и Милан, но ниту еден навивач не може да го мрази или да каже лош збор за неговата игра.
Роналдо сега доби автобиографски документарен филм, кој ќе го опфати неговиот фудбалски живот од почетоците, неговите тешки повреди, разочарувањата, но и освојувањето на Светското првенство во 2002 година со својот Бразил.
Во документарниот филм се појавуваат многу легендарни фудбалери кои ќе зборуваат за неговата игра како Паоло Малдини, Кристијан Виери, Диего Симеоне, Ромарио, Роберто Карлос, Зинедин Зидан и други.
Филмот треба да има премиера во текот на овој месец.