Фудбалерите на Тотенхем и Ливерпул одиграа нерешено 2:2 во 18. коло од Премиер лигата.
Тотенхем поведе со голот на Хари Кејн во 13. минута, израмни Жота во 35. , а пресврт направи Робертсон во 70. минута, за Сон ја искористи грешката на Алисон во 75. за 2:2. Исто така, треба да се истакне дека Кејн можеби заслужи црвен картон, но од друга страна Робертсон оправдано го доби во 77. минута .
Севкупно, најголем победник во оваа скратена корона рунда беше Сити, кој го победи Њукасл и го искористи нерешениот резултат помеѓу Челзи и Ливерпул, кои беа ослабени поради заразените играчи.
Јирген Клоп имаше бројни проблеми пред овој натпревар, бидејќи поради коронавирусот отсуствуваа Ван Дајк, Фабињо и Хендерсон, а Тиаго Алкантара беше превентивно изоставен бидејќи почувствува некои симптоми. Поради тоа Клоп мораше да игра во средината со Милнер, Кеита и дебитантот Мортон, а тоа се одрази и на играта, особено во фазата на одбрана, каде што беше очигледно колку недостасува Ван Дајк.
Тотенхем ја искористи првата сериозна ситуација, Кејн побегна, доби додавање од Ндомбеле и погоди во спротивниот агол за 1:0.
Кејн беше во центарот на вниманието во 20. минута кога имаше среќа да остане на теренот. Стартуваше премногу грубо врз ногата на Енди Робертсон, судијата му покажа жолт картон, а според многумина немаше да погреши доколку беше исклучен.
Тотенхем продолжи да се заканува од контра, а во 30. минута Деле Али имаше стопроцентна шанса. Сон го поврза со голот, но одличниот Алисон успеа да го спречи.
Ливерпул конечно успеа да ја круниса малку подобрата игра со гол во 35. минута преку Диого Жота .
Уште еден контроверзен момент се случи на крајот од првиот дел од играта кога Емерсон натрча одзади и го турна Зота во шеснаесетникот, но судијата не покажа на белата точка.
Тотенхем имаше уште една одлична шанса на почетокот на вториот дел, Деле Али и Кејн останаа сами пред Алисон, Али го проигра Кејн, но Бразилецот повторно фантастично интервенираше.
Следеше казната во 70. минута, по долга акција, најпрво се обиде Салах по центаршутот на Жота, а во продолжението од акцијата Александер Арнолд остро центрираше, а Робертсон само постави глава за 1:2.
Тоа беше само увертира на продолжението на лудилото, откако во 75. минута Сон израмни на 2:2. Алисон овојпат направи катастрофална грешка, погрешно ја процени длабинската топка, Сон беше побрз и поагилен и лесно погоди за 2:2.
Вистинскиот шок за Ливерпул следуваше во 77. минута, Робертсон го шутна Емерсон, судијата Тирни доби асистенција од ВАР собата, ја погледна снимката и му го покажа на Шкотланѓанецот патот до соблекувалната.
До крајот немаше промена на резултатот, Ливерпул се фокусираше на одбраната и успеа да спаси бод. Сепак, Сити сега има три повеќе, додека Тотенхем остана седми со 26 бода, но дури три натпревари помалку .