Српскиот првак Црвена Звезда го продаде младиот 18-годишен Коста Недељковиќ во Астон Вила. Црвена Звезда ќе добие 9 милиони евра и 15 отсто од следниот трансфер за талентираниот десен бек.
Исто така, договорено е Недељковиќ да остане на позајмица во Звезда до лето.
Коста Недељковиќ е едно од откритијата во тимот на Црвена Звезда оваа есен, а добрите игри на талентираниот десен бек ги забележа и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, кој најави дека ќе добие покана за пријателските натпревари со Русија и со Кипар во март.