Премиер лигата одлучи да одложи втор натпревар за само неколку дена поради коронавирусот, а овојпат тоа е натпреварот помеѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед .
Проблемите со коронавирусот не го избегнаа ниту англискиот фудбал. Големиот Манчестер Јунајтед е последниот во низата клубови кои пријавиле позитивни случаи во својот клуб, но таму заразата е поголема, па Јунајтед ги суспендираше сите настани во својот тренинг центар.
Карингтон е затворен за да се намали заразата, играчите не тренираат, па Премиер лигата го потврди одложувањето на натпреварот во вторник, втор за само неколку дена откако беше одложен мечот меѓу Тотенхем и Брајтон.
Таму позитивни случаи имаше и во двата тима, а минатата недела се појавија вкупно 42 случаи, вклучувајќи ги Лестер, Астон Вила и Норич.
Сите играчи на Јунајтед беа негативни во саботата пред натпреварот против Норвич, но некои пријавија позитивен тест во неделата. Во четвртокот, Премиер лигата се врати на построги мерки како што се носење маски и одржување на растојание поради зголемениот број на заразени луѓе во Велика Британија.
Во понеделникот и Премиер лигата излезе со соопштение во кое ќе се зголеми фреквенцијата на ПЦР тестирање кај играчите.