„Јорганџиите“ го совладаа градскиот ривал Леганес со 3-1 и покрај тоа што до 69. минута беа во негатива од еден гол. Леганес поведе преку Неју на десетина минути пред крајот на првото полувреме, предноста ја имаше до средината на вториот дел, а потоа се разигра норвежанецот Сорлот кој беше клучен за победата на Атлетико.
Норвежанецот прво на атрактивен начин погоди на асистенција на Витсел за израмнување, Атлетико дојде до предност со голот на Антоан Гризман, а Серлот го постави конечниот резултат во десеттата минута од судиското продолжение. Впечаток е дека за барем два од трите гола, вина има противничкиот голман Дмитровиќ.