Јунајтед против Нотингем Форест уште на стартот на „Олд Трафорд“ беше во нокдаун откако гостите поведоа со 2-0 со два брзи гола на Авонији и Боли, но „црвените ѓаволи“ успеаа да направат џиновски пресврт.

https://twitter.com/MCFC_TITUS/status/1695438222099153268?s=20

Кристијан Ериксен во 17-та намали, а седум минути по стартот на вториот дел Касемиро израмни, а победата ја осигура Бруно Фернандеш на 14 минути пред крајот со гол од пенал, користејќи ја бројчаната надмоќ по исклучувањето на Ворал осум минути пред тоа, за втор триумф и седум бода на Јунајтед по три кола.

Палиња на три минути пред крајот го шокираше Арсенал со гол за реми, иако сѐ изгледаше дека „топчиите“ ќе запишат трета победа кога Букајо Сака и Еди Нкетиа за три минути во последната четвртина дадоа по еден гол за пресврт (70-та од пенал и 73-та), а седум минути пред крајот на регуларните Басеи беше исклучен и гостите останаа со десетмина, но Арсенал не успеа да ја задржи предноста.

Натпреварот имаше десет минути дополнување откако Палиња израмни, но и тоа беше залудно зашто Арсенал не стигна до победа, па првпат сезонава се сопна. Переира во првата минута беше стрелец на првиот гол за Фулам.

Брентфорд и Кристал Палас ремизираа 1-1, а Вулверхемптон го освои „Гудисон Парк“ со го на Саша Калајџиќ на три минути пред крајот на мечот, откако ВАР поради офсајд му поништи гол на Диокуре за „карамелите“.