Македонскиот борач Гого Славески е нов светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во БКФЦ верзија, откако ноќеска во Мајами го совлада Џејк Линдзи со едногласна одлука на судиите, по што искажа огромна радост од остварениот успех.
Станува збор за скопјанец од населбата Ѓорче Петров, кој веќе една деценија се пробива во САД и кој конечно успеа да се искачи на врвот со шестата победа во исто толку дуели во овој спорт. По победата тој гордо на цел глас ја спомена својата држава, на која е горд без разлика што долго време живее надвор од неа.
„Радувајте се Македонци, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, викаше на цел глас Славески по прогласувањето за победник на синоќешната пресметка на Флорида.
Македонскиот гладијатор доаѓа на местото на Луис Паломино, кој неодамна се откажа од шампионскиот појас во оваа категорија. На двајцата заедничка им е соработката со тренерот Ерик Кастањо, кој важи за еден од најдобрите во овој спорт.
Воинот од Ѓорче Петров ја освои Америка како Македонец и под Македонско знаме! ГОГО е врвен борец и голем родољуб спрема својата држава и татковина – МАКЕДОНИЈА