Екипата на Тиквеш дојде до планираните бодови во осмото коло во Суперлигата.
На гостувањето кај Скопје, кавадарчани славеа со 26-30 за четврта победа сезонава.
Сепак до оваа разлика гостите се испотија, избраниците на Андријана Будимир пружија силен отпор, првото полувреме во целост беше изедначено, на одморот резултатот беше 14-14.
Тиквеш пред крајот на второто полувреме успеа да го скрши отпорот, поведе со 24-28 и сигурно зачекори кон победата.
Трпчевски имаше 6 гола, Симиќ, Дрогришки и Кондев запишаа по пет, на другата страна Василевски имаше 12 погодоци.