Големото дерби од седмото коло во францускиот шампионат меѓу Монпелје и Пари Сен Жермен во последната секунда беше решено со неверојатен гол на Микел Хансен. Проектилот на чудесниот Данец беше за момент побрз од сирената – 33:34 (17:19).

ВИДЕО

Парижаните со овој триумф го задржаа максималниот учинок и со голема предност пред најголемите ривали го продолжуваат домашниот шампионат.

Монпеље – ПСЖ 33-34 (17-19)

Монпеље: Уго Дескат 7, Жулиен Бос 5, Диего Симоне 5, Карл Валиниус 4, Жилберто Дуарте 4, Валентин Порте 3, Бенџамин Батај 2, Лукас Москариело 2, Јанис Лен 1.

ПСЖ: Даинис Кристопанс 5, Камил Сипржак 5, Микел Хансен 5, Никола Карабатиќ 4, Лук Стајнс 4, Беноа Кункуд 3, Елохим Пранди 3, Недим Ремили 3, Лука Карабатиќ 2.