Рома и Наполи одиграа 0:0 во интересен натпревар и покрај тоа што немаше голови . Со ова реми , Наполи веќе не е стопроцентен и во моментов е на делба на првото место во Сериа А со тимот на Милан .

Без голови, Наполи беше подобар ривал во поголемиот дел од натпреварот, а на крајот црвен картон заработи Жозе Мурињо за приговор кон судијата пред крајот на мечот.

Во првото полувреме, практично без шанса за двете екипи, можеби вреди да се спомене шансата на Абрахам. Продолжението донесе возбуда, Осимен и Руи имаа шанси, потоа повторно Осимен, но немаше промена во резултатот. Осимен двапати ја погоди рамката од голот.

Рома конечно беше малку поангажирана во нападот по 65. минута, кога шанса имаше Манчини, а во 82. минута Мурињо доби црвен картон,после еден недосуден фаул врз играч на Рома .

Осимен во 89. минута постигна гол со глава, тврдеше дека не е во офсајд, но видеото покажа поинаква ситуација, па голот беше оправдано поништен.

Рома нападна во продолжението, без никаков резултат. Трет натпревар без победа за тимот на Мурињо.