Овој натпревар беше од затворен карактер, па информациите се минимални. Двајцата тренери сакаа да испробуваат варијатни пред стартот на Светското првенство далеку од очите на јавноста. Во самиот финиш, Македонија имала шанса за реми, но не ја искористила.
Во составот и на оваа средба не беше Никола Митревски, а ниту Филип Кузмановски, кој за еден ден ќе се приклучи.
За постетување, нашите ракометари вчера славеа со 38-33, а во одредени моменти од второто полувреме имаа и позитива од десет гола.
Македонија во Маврово останува до 30 овој месец, по што се враќа во Скопје. Во рамките на подготовките ќе одигра уште два меча против Хрватска и Израел во рамките на „Кроација Купот“.