Синоќа беа избрани најдобрите спортисти во организација на Агенцијата за млади и спорт, а денеска пристигна реакција од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Македонија го победи европскииот шампион Италија во Палермо, но АМС не ѝ додели награда.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се “фатиме за глава”.

Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена:

Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја.

Европскиот првак, Италија падна во Палермо“, објави ФФМ.