Фудбалерите на Челзи се првите финалисти на Купот на Англија. По победата над Тотенхем на домашен терен во првиот меч со 2:0, сините добија и реванш на страна со резултат 1:0 и со двоен триумф ја добија борбата за трофејот во која го чекаат подобриот. од дуелот Ливерпул – Арсенал.

Со значајна предност избраниците на Томас Тухел пристигнаа на стадионот на Тотенхем, но во натпреварот влезе со јасна намера да забележи нова победа.

По одличната шанса која ја пропушти Ромелу Лукаку во 12. минута, клучниот момент се случи шест минути подоцна. На центатршутот на Мејсон Маунт, Антонио Ридигер извонредно скокна во шеснаесетникот и ја заби топката во мрежата.