Рубен Невеш во 9.минута го отвори резултатот за „волците“, но гостите израмнија на четири минути до крајот на полувремето преку Адемола Лукман. Победата на домашниот состав и ја донесе Даниел Поденсе во 67.минута од натпреварот.

Вулверхемптон моментално се наоѓа на 7.место на табелата со 40 бодови, а на последните осум средби во Премиерлигата има шест победи, едно реми и еден пораз. „Лисиците“ пак од друга страна откако го победија Ливерпул, веќе пет натпревари по ред не знаат за триумф и моментално се на 11.место со 27 бодови.