Коронавирусот кој експлодира во февруари 2020 година и ја стави Европа во тотален карантин, а потоа и целиот свет се затвори, спречил невиден терористички чин откако припадник на Исламска држава требало да изведе масакар на „ел класико“ пред две години.
Џихадистот на Исламска држава требало да изврши напад со дрон на „Камп Ноу“, полн со експлозив, но нападот не се случил затоа што ковид-19 го прекина првенството во периодот од март до јуни. Подоцна терористот бил уапсен и осуден на три години затвор.
Не е позната возраста на терористот, освен дека работел во низа барови, а влегол во Исламска држава со „брз процес на радикализација“ во пролетта 2020 година и во март бил контактиран со препораки „да се прочисти и да си осигура место во рајот, зашто во животот имал гревови со консумирање алкохол и непочитување на религијата“.