Бившиот италијански првак Јувентус нерешено одигра 1-1 против Нант, додека Севилја го декласира ПСВ со 3-0 во првото коло од нокаут-фазата во Лига Европа.

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ по 13 минути ја затресе мрежата на гостите од Франција за водство од 1-0 на Јувентус.

Нант во вториот дел преку Блаз стрелаше за 1-1, по што Јувентус се разбуди и почна да напаѓа кон голот на гостите, меѓутоа не најде начин како да постигне втор гол.

Севилја знае како се освојуваат трофеи во ова натпреварување, па го победи ПСВ Ајндховен дома со 3-0,  и обезбеди убедлива предност пред реваншот.

Првиот гол го постигна Ен Незири во судиското надополнување на првиот дел, додека другите два гола беа дело на Окампос и Гудељ во второто полувреме.

Монако во драматичен натпревар во Германија го совлада Баер Леверкузен со 3-2, па победнички си заминува од Леверкузен.

Храдецки си постигна автогол за водство на Монако од 1-0, по што следуваше пресврт, Диаби и Вирц стрелаа за 2-1 на Леверкузен, меѓутоа следуваше пресврт на гостите, па „кнезовите“ во завршницата од дуелот преку Диата и Дисаси ги поставија конечните 3-2.

Спортинг Лисабон ремизираше (1-1) на домашен терен против Митјиланд.