Аргентина се пласира во финале на СП во Катар, откако синоќа ја декласира Хрватска со 3-0 во првото полуфинале, а Лионел Меси повторно дојде на чекор да го освои пехарот кој му недостига во богатата колекција.
Меси постигна еден гол, а асистираше за уште еден против Хрватска, по што до навивачите испрати порака и кажа дека во недела го игра последниот натпревар.
„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Мундијал. Неверојатно е ова што се случува. Во недела ќе играм најдобро што можам. Уживам и се чувствувам подготвен за мечот. Добро се подготвивме и за Хрватска, која знаевме како игра и ги искористивме нејзините слабости“, вели Меси.
Аргентина в недела ќе игра во големото финале против победникот од дуелот меѓу Франција и Мароко.