Пјетро Пелегри со голот во 56-та минута ги донесе „биковите“ во водство и неполни две минути го делеше Торино од победа, но Имобиле успеа да биде побрз од судијата после асистенцијата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, па израмни за да го спаси својот клуб од пораз со кој Лацио дојде на шестото место, но не го искористи киксот на Јуве уште повеќе да се приближи во битката за ЛШ.
Римјаните сега имаат исто бодови со Фиорентина во трка за Европа, но „виола“ има и меч помалку, а Рома е петта со шанса да дојде на три бода од Јуве и во понеделник го игра своето дерби со Наполи, на кој му треба исто така победа за да остане во битката за титулата во завршните пет кола од сезоната.
Торино со десетото реми е 11-ти со 40 бода.