Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед би можеле да направат мега-размена со португалски шарм. Кристијано Роналдо да замине во Атлетико Мадрид, а неговиот сонародник Жоао Феликс да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Роналдо не сака да остане на „Олд Трафорд“ , а се чини дека и менаџерот Ерик тен Хаг би сакал да замине, затоа што се нарушува мирот во соблекувалната.
Сепак, на Манчестер Јунајтед итно му е потребен нов напаѓач, а тоа би требало да биде Жоао Феликс. Можеби во првата сезона како позајмен играч, со опција за откуп на договорот.