Бразилецот е пикиран и од Интер и неговиот тренер Симон Инѕаги, а информациите велат дека Јувентус испратил нова понуда, која овозможува подобри услови и за дефанзивецот и за неговиот клуб Торино.
Лицитацијата за Бремер ја подигна неговата цена до 40 милиони евра, а најзадоволен е претседателот на Торино, Урбано Каиро, кој ќе има голем профит од зделката за фудбалерот за кого му е јасно дека нема да остане во неговиот клуб.
Деновиве може да ја донесат и конечната разврска, па останува да се види кој клуб ќе го избере Бремер и чија одбрана ќе засили во новата сезона. Интер денеска ќе има состанок со агентот на фудбалерот и има мала предност од овој аспект, но сепак одлуката ќе биде на фудбалерот.