Моментално последнопласираниот тим во англиската премиер лига Норвич Сити го отпушти менаџерот Даниел Фарке и покрај првата победа сезонава што тимот ја постигна во саботата, совладувајќи го Брентфорд како гостин со 2:1.
Германецот Фарке го водеше Норич од мај 2017 година, а во тој период двапати влезе во друштвото на најдобрите со Канаринците (2019, 2021 година), но во Премиер лигата тимот немаше успех. Во сезоната 2019/20. веднаш го загуби прволигашкиот статус додека оваа сезона во првите 11 кола освои само пет бода.
„Оваа одлука ја донесовме во обид да го направиме најдоброто за нашиот клуб, иако тоа не беше лесно. Знам колку посветен беше Даниел и неговиот штаб во работата за да бидат успешни на ова ниво, но чувствуваме дека токму сега е најдобро време за промена за да си дадеме шанса да го задржиме прволигашкиот статус“, изјави спортскиот директор на Норвич, Стјуарт Вебер.
Како најсериозен кандидат за наследник на Фарке се споменува Френк Лампард , а медиумите шпекулираат и со имињата на Џон Тери , Лусиен Фавр и Стив Брус
Норвич е четвртиот клуб од Премиер лигата кој го менува тренерот оваа сезона, по Вотфорд, Њукасл и Тотенхем.