Напаѓач на Реал Сосиедад ептен се избрука – го има промашувањето на сезоната.

Екипата на Реал Сосиедад одигра само нерешено на синоќешното гостување кај Мајорка (0-0) во првиот дуел од полуфиналето во Купот на Шпанија, а најголем виновник за тоа е напаѓачот, Нигериецот Умар Садик, кој промаши зицер на празен гол од нецели два метри.

 

Поранешниот фудбалер на Партизан се избрука во 71. минута , бидејќи промаши шанса каква што е многу потешко да не се реализира отколку да се постигне гол. Мендез имаше одличен продор по левата страна, ја нафрли топката во противничкиот петерец каде што Садик беше осамен, но наместо во голот, тој ја испрати топката над пречката на празниот гол на домаќинот.

Во второто полуфинале од Купот на Кралот, денеска силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.