Словенија остана во игра за пласман во четврт-финале на СП  во ракомет во Шведска и Полска, откако лесно и убедливо го совлада Иран (38-21).

Фантастична партија одиграа Словенците, кои во првото полувреме дојдоа до двоцифрена предност (20-9), која само ја зголемија во продолжението. Тие со овој триумф привремено дојдоа на врвот од групата 1 и се изборија за „мајсторка“ со Шпанија, од која победникот речиси сигурно ќе се најде во нокаут-фазата.

 

Португалија и Бразил одиграа нерешено (28-28) и тоа со гол на Бразилците во последната секунда кој беше потврден од ВАР, што потенцијално ги закомплицира работите во групата 2. Шведска со триумф над Унгарија ќе биде првиот сигурен четвртфиналист.