Ракометарите на Франција и Исланд остварија убедливи победи над Црна Гора односно Зеленортските острови во првото коло од втората фаза на СП 2023.

Црногорците добро им парираа на Французите само во прво полувреме (16-13), а потоа немаа сила за подобар резултат.
Десет голови постигна Мелвин Ричардсон за Франција, а кај Црногорците најмногу даде Божовиќ (6).
Французите победија со 35-24 и имаат шест бода во Групата 1.

Во групата 2 Исланд триумфира со 40-30 над Зеленортските острови и скокна на второто место на табелата со 4 бода и ја прескокна Португалија која киксираше со ремито против Бразил.
Кај Исланѓаните најефикасни беа Гудјонсен со 6 додека Кристијансон, Рикардсон и Смарасон постигнаа по 5 гола. Кај африканскиот тим Пина постигна 11 гола.

Во групата 1 од Президент купот (што испаднаа во првата фаза од СП), Јужна Кореја го победи Уругвај со 37-30. Во истата група п Чиле славеше над Саудиска Арабија со 26-23.