Словенија не успеа да им се одмазди на Србите за поразот на домашен терен. Ракометарите на нашиот северен сосед по вторпат излегоа како победници од оваа пресметка, славеа со 23-20. По првото полувреме имаа предност од два гола (10-8), а пред самиот крај со серија од 5-0 поведоа со 23-20 за мирен финиш. По раната елиминација на ЕП 2022, ова е нов удар за Словенија, сега нема да игра на СП.

Унгарија запиша убедлива победа против Израел од 36-22 и ја оправда фаворитската улога. До убедлив триумф дојде и Хрватска, славеше против Финска со 36-22. Мариќ и Главаш беа лидери кај „коцкестите“, двајцата заедно постигнаа 13 гола.

На СП следната година ќе го гледаме Исланд, кој исто така дојде до убедлива победа, на вториот меч на домашен терен беше подобар со 34-26.