Во 4. коло од Б групата во Лигата на шампионите тимот на Веспрем триумфираше со 30:23 на гоствањето кај Порто .
Никола Митревски уште еднаш беше одличен на голот на Порто но овој пат не беше доволно неговиот тим да избегне пораз. Митревски натпреварот го заврши со 14 одбрани, а имаше 37 проценти на одбранети удари.Дејан Манасков не настапи за тимот на Веспрем поради повреда која ќе го оддалечи од терените неколк месеци .
Во второто полувреме Порто најмногу што успеа беше да се доближи беше на минус 3(21:24), но немаше сили за пресврт. До крај на натпреварот Веспрем рутински ја сочува предноста и славеше со 30:23 .
Прв стрелец во составот на Порто беше Руи Силва со шест гола, додека Антонио Ареја погоди петпати. Во победничкиот тим нјаефикасен беше Гаспер Маргуч со пет гола, а по четири гола постигнаа Омар Јахја и Кентин Мае.