Контроверзниот шпански фудбалер Хесе Родригез повторно ги полни страниците на жолтиот печат во светските медиуми.

Јавноста беше во целосен шок кога се појави веста дека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен бил прегазен од неговата девојка Аури Руиз по жестока расправија.

Според шпанските медиуми, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен и сегашен член на Лас Палмас се здобил со повреда на ногата прегазен од неговата девојка Аура Руиз.

Хесе, според „Марка“, се скарал со девојката по концертот во арената Гран Канарија, а таа потоа се качила во автомобилот и ја прегазила ногата на Хесе.

По инцидентот, тој не можел да оди сам, па неговите пријатели му пришле на помош. Се е снимено со камера, а видеото кружи на интернет.

Францускиот клуб Пари Сен Жермен го раскина договорот со Родригез минатата година, откако Шпанецот се најде во центарот на скандал без преседан.

Непослушниот Хесе (28) потоа ја изневери Аура со нејзината пријателка која е манекенка.

Наводно, Хесе ги прекршил протоколите на клубот за заштитни мерки. Тој беше фатен на приватна забава веднаш откако во јавноста се појави приказна за неговото неверство. Челниците на ПСЖ ја искористија ситуацијата да го раскинат договорот со фудбалерот кој не се прослави во дресот на Париз.

Хесе дојде во ПСЖ од Реал Мадрид во 2016 година за 25 милиони евра. Одигра само 18 натпревари и постигна два гола. Катастрофална статистика за играч кој заработува околу 3,5 милиони евра годишно.

Тој не блескаше на теренот, но го привлече вниманието на медиумите со скандали од неговиот приватен живот, што е вистинска „сапуница“.

Хесе е во долгогодишна турбулентна врска со Аура Руиз, со која има и син. Раскинаа неколку пати и се смируваа. Пред две години, Хесе раскина преку Твитер затоа што таа јавно го критикуваше неговото однесување и негрижа за неговиот син на Инстаграм.

Аура подоцна заврши во популарно реално шоу, а Родригез потроши повеќе од пет илјади евра за СМС пораки во кои гласаше за таа да испадне.

Подоцна повторно се смирија, но нивната бурна врска е повторно на тенок мраз. Нејзинаа пријателка Росио Амар откри дека имала афера со Хесе. Моделот тврдеше дека има и видеа со кои може да го докаже неговото неверство.