Во второто коло  АБА2 лигата составот на МЗТ Скопје Аеродром загуби од словенеката Рогашка со резултат 78:60(17:13 , 28:16 , 17:22 , 18:13)

Ваков убедлив пораз не се најавуваше барем на стартот во првата четвртина кога играчите на тренерот Дарко Радуловиќ започнаа со одлични 10:0. И кога се помисли дека можеби „металците“ ќе имаат уште еден добар настап во регионалното натпреварување, тоа не се случи бидејќи следуваше серија на Словенците, односно првите 10 минути ги добија со 17:13.

Македонскиот кошаркарски клуб држеше егал некаде до средината на втората четвртина, имаше негатива од само 27:25, а потоа повторно нови низа на поени од страна на противникот, до паузата постигнаа 18, а МЗТ само четири и тука веќе се знаеше во кој смер ќе се движи натпреварот. Само еднаш се спушти негатива под 10 разлика (45:37) по серијата од 8:0 за 90 секунди, но словенечката екипа брзо се врати на „стандардната“ предност од 13-14 поени.

Како играа во тие три четвртини, реално, тешко беше за очекување дека може да има „камбек“ на нашата екипа. Напротив, се случи обратното, Рогашка заигра уште подобро, и изненадуваќки лесно отиде на плус од повеќе од 20 поени позитива.

Во победничките редови Вујачиќ имаше 19 поени (осум асистенции), а за „штрковите“ по 12 коша имаа Стојановски и Дејвис (10 скокови).

И наместо со две победи, МЗТ се враќа во Скопје со половичен ефект од Златибор. Првиот турнир од АБА2 лигата се затвора утре, а од 18.00 часот, екипата на Пелистер ќе го одигра својот втор меч во оваа конкуренција. За противник ќе има уште една екипа од Црна Гора, Сутјеска од Никшиќ.