Кошаркарите на Денвер нагетс на импресивен начин стигнаа до големото финале на НБА-лигата, откако и четвртипат го совладаа ЛА лејкерс, овој пат со 111-113 на гости. Почетокот на натпреварот и воопшто првото полувреме не навестуваа ваков расплет бидејќи ЛА лејкерс имаше неверојатна предност на паузата од 73-58.

Победникот на натпреварот беше решен во третата четвртина, која ја добија Нагетси со 36-16 за комплетен пресврт и водство кое успеваа да го одржат до самиот крај на натпреварот.

Леброн Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 40 поени, а му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл ефект. Сепак, тоа што не му успеа на Леброн, му успеа на Никола Јокиќ, кој со нов, осми трипл-дабл во плејофот ја предводеше својата екипа до првото НБА-финале во историјата. Србинот постигна 30 поени, имаше 14 асистенции и 13 успешни скокови.

https://youtu.be/49Z-OGD7D6k