Канадската тенисерка Лејла Фернандез е елиминирана во првото коло на Австралија Опен.
Лејла Фернандез играше во финалето на УС Опен и заедно со победничката Ема Радукану беше вистинска сензација на турнирот во Њујорк.
Од неа се очекуваше многу на стартот од новата сезона и на првиот Грен слем, со оглед на тоа што игра добро на тврди подлоги.
Сепак, таа загуби од тенисерката која доби специјална покана.
Подобра од неа беше австралиската тенисерка Медисон Инглис, моментално 133-та тенисерка во светот – 6:4, 6:2.
Инглис направи брејк против 23. носителка на турнирот во седмиот гем и така го реши првиот сет, а на противничката не и дозволи ниту една брејк топка.
Во вториот сет направи брејкови во првиот и третиот гем, во шестиот спаси три брејк топки и дојде до голема победа.
Следна противничка ќе и биде подобрата од мечот Баптист-Гарсија.