Ивановски денеска дојде до својот четврти трофеј во кариерата, прв освоен во Скопје откако во денешното финале беше подобар од третиот носител, Французинот Вејенбург.
Калин дуелот го доби во два сета, но се играше речиси два часа. Првиот сет Македонецот го доби во тајбрејк со 7-2, во вториот сет беше подобар со 6-4.
Ивановски со освојувањето на турнирот доби и 25 АТП поени како и награда од 3.600 долари колку што следуваше за победникот од вкупниот награден фонд од 25.000 долари.
По овој успех се очекува нов напредок на АТП листата за Калин Ивановски.