Италијанските клубови играа во сите три европски финалиња,, но не успеаја да се закитат барем со еден трофеј, останувајќи без титула.
На почетокот на сезоната, а и во поголемиот дел од неа, никој не можеше ни да замисли дека италијанските клубови ќе се најдат во финалето на сите три европски клупски натпреварувања.
Серија А успеа да се врати на самиот фудбалски врв на Стариот континент, а нејзините претставници Интер, Рома и Фиорентина стигнаа до пресметката за трофејот во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и конференциската лига.
Сепак, на крајот „аѕурите“ во трите финалиња останаа без трофеј.
Рома под водство на Жозе Мурињо остана без пехарот во финалето на Лига Европа, каде Севилја славеше по подобро изведување пенали.
Вест Хем совлада Фиорентина и победи против „виолетовите“ во финалето од Конференциската лига со 2-1.
Најважното беше оставено за крај, а Интер ја имаше најтешката задача да стигне до пехарот во Лигата на шампионите против супериорниот Манчестер Сити и не успеа, остана со празни раце.