Португалскиот стручњак Карлос Кеирош е нов селектор на иранската репрезентација, потврди Иранската фудбалска федерација.
„Карлос Кеирош е избран за нов селектор на иранската фудбалска репрезентација“, објави Асоцијацијата на својата веб-страница.
Кеирош на тренерската позиција ќе го замени хрватскиот стручњак Драган Скочиќ, кому Федерацијата му се заблагодари „за напорите што ги вложи во соработката со Сојузот“.
Поранешниот помошник на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед и тренер на Реал Мадрид, 69-годишниот Португалец беше тренер на Иран на Светските првенства во 2014 и 2018 година.
Во својата тренерска кариера, Кеирош ги водеше селекциите на Португалија, Колумбија и Египет.
Иран на Мундијалот ќе игра во групата Б заедно со Англија, Велс и Соединетите Американски Држави.