Францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга ја заврши кариерата со пораз во првото коло на Ролан Гарос.
Цонга најави дека Ролан Гарос ќе биде последниот турнир во неговата кариера.
Каспер Руд го победи со резултат 6:7, 7:6, 6:2, 7:6 и се пласираше во второто коло на турнирот и го испрати Цонга во пензија, а Жил Симон, Ришар Гаске, Пјер Иг Ербер Гаел Монфис и Беноа Пер се појавија на церемонијата.
Искусниот Французин очигледно не сакаше да се збогува од турнирот уште во првото коло, а имаше и проблеми со повреда на рамото, па последниот натпревар го заврши во солзи.
Цонга одлично го започна натпреварот.Во првиот сет немаше брејкови, па влеговме во тај-брејк, каде францускиот тенисер победи со 8-6 и го освои првиот сет.
Во вториот работите се одвиваа речиси идентично, но сепак имаше брејкови, а потоа повторно гледавме тај-брејк во кој триумфираше Каспер Руд и израмни на 1-1 во сетови.
Рамото го мачеше Цонга, очигледно беше дека Французинот колку и да се трудеше не успеа да го победи Руд, па кариерата ја заврши со пораз во првото коло на Ролан Гарос.