Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се игра Светското првенство во фудбал на плажа, кое предизвикува голем интерес поради мајсториите кои ги има многу на средбите во Дубаи и околината.
Убедливо најголемо воодушевување предизвика голчиштето на голманот на Иран, Сејед Мирџалили, кој го имаше потегот не само на шампионатот туку можеби и на деценијата во овој спорт. Тој дури 11 пати ја допре топката додека жонглираше, а потоа со волеј-удар ја смести топката во противничката мрежа.
Чуварот на мрежата го постигна вториот погодок за иранската селекција во пресметката со Тахити, која потоа ја добија со 5-3.