Фудбалерите на Баерн Минхен мирно ќе влезат во продолжението на шампионатот, бидејќи жалбата што ја поднесе Фрајбург минатиот викенд, по нивниот првенствен дуел беше одбиена и победата на Баварците од 4:1 ќе остане на сила.
Баерн рутински славеше на гостувањето кај тимот кој се бори за Лигата на шампионите, но поради невнимание при замените во финишот од мечот 17 секунди беше на теренот со 12 играчи.
Фрајбург се пожали на големиот пропуст, кој го налути гостинскиот тренер Џулијан Нагелсман, кој жестоко му одговори на ривалот, сметајќи дека исходот од жалбата може да оди само во еден правец.
На крајот така беше, победата на Баерн од 4:1 остана на сила, па Фрајбург ќе мора да се потруди во следните натпревари да дојде до подобар резултат и да остане во трка за историски пласман.
Во следното коло Баерн ќе го пречека Аугсбург, додека тимот од југот на Германија ќе има тешко гостување кај Ајнтрахт во Франкфурт.