Уште едно големо признание стигна за најдобриот и најтрофеен македонски фудбалер на сите времиња. Во кинескиот град Нанинг на петти октомври ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу легендите на Интер и Милан, а во него ќе учествува и македонската фудбалска икона Горан Пандев.
Македонската фудбалска легенда со „нераѕурите“ ја освои Лигата на шампионите во 2010 година, а сега ќе има шанса да заигра со дел од своите поранешни соиграчи повторно.
Пандев има статус на легенда во клупската историја на Интер бидејќи беше еден од најважните фудбалери на „нероаѕурите“ кога во 2010 година под водство на Мурињо освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал.
Во нападот на Интер Пандев на оваа средба ќе игра заедно со Милито, Адриjано и Вентола, а од останатите легенди тука ќе бидат: Снајдер, Матераци, Маикон, Занети…