На видеото може да ги погледнете сите голови од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое најмногу профитираше Шкендија која се врати на врвот на табелата по победата над Вардар и ремито на Гостивар кај Струга.
Скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи заврши со победа на „романтичарите“ од 2-1

Шкупи си постигна комичен автогол, а екипита на Вардар протв Шкендија и Пелистер против Брера примија по четири голови.

Резултати 8. коло:
Брера – Пелистер 4-0
Беса – Воска 1-0
Работнички – Шкупи 2-1
Шкендија – Вардар 4-0
Струга – Гостивар 2-2
Тиквеш – Силекс 0-0

Табела: Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 5, Воска 5.