Поранешниот италијански шампион Милан славеше во дербито против Лацио со 2-0 во седмото коло од Серија А и се искачи на првата позиција на табелата со 18 бодови.
Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а прво стрелеше Кристијан Пулишиќ во 60. минута од натпреварот, додека Окафор во 88. минута погоди за конечни 2-0.
🚨GOAL | Milan 1-0 Lazio | Pulisic
Follow our partner page @ocontextsoccerpic.twitter.com/LNaLWKOWKU
— VAR Tático (@vartatico) September 30, 2023
https://twitter.com/i/status/1708177115609264384
Милан има 18 бодови на првата позиција, по што следи Интер со 15, Наполи има 14, а Јувентус е четврти со еден бод помалку.