Македонскиот фудбалски репрезентативец, Исник Алими го постигна првиот гол за Сепси во натпреварувачката 2024/2025 во првата лига на Романија.
Алими иако одигра два натпревари за нашата селекција, сепак се најде во почетната постава на Сепси за соочувањето со Ботошани, меч на кој домаќините го оправдаа статусот на фаворит и победија со 3-0.
Алими беше стрелец на вториот гол за својата екипа, преземајќи ја одговорноста од 11 метри за рутински да ја спроведе топката во мрежата на противникот во 63 минута.
Сепси по 9.кола има освоено 11 бода.