Вицешампионот Ливерпул и трет натпревар е без победа во Премиер – лига откако ремизира без голови против Челзи во дербито на „Енфилд Роуд“. Двата тима сега имаат по 29 бода и се далеку од битката за врвот на табелата каде се наоѓа Арсенал со 47 бода.

Новото засилување Михаило Мудрик доби шанса во тимот на Челзи во второто полувреме, но најдобрата шанса ја имаше Шалоба. Сепак, украинскиот интернационалец создаде две добри шанси за тимот на Челси и покажа дека ќе биде добра аквизиција.