Португалскиот ас Кристијано Роналдо со настапот за репрезентацијата на Португалија во натпреварот против Хрватска дојде до својот 900. гол во кариерата и 131. во дресот на португалската репрезентација.
По завршувањето на репрезентативните обврски, Роналдо се врати во Ал Наср каде што играше против Ал Ахли.
Натпреварот заврши без победник 1:1, а навивачите пред почетокот приредија фантастична кореографија во чест на Португалецот.
Исто така челниците на клубот му подарија и дрес на кој стоеше бројката 900 и натписот „GOAT“.