Дебито на Иван Тони во дресот на Ал-Ахли за малку ќе беше со победа во саудиското дерби на гостувањето кај Ал-Наср, но тимот на Кристијано Роналдо во последните секунди се спаси од пораз и средбата заврши нерешено 1-1.
Екипата на Ал-Ахли поведе со прецизниот удар на Франк Кеси. Голот може да го видите ТУКА.
По истекот на 90-те минути, судијата покажа 8 минути продолжение, но мечот потраја подолго, и во 100-та минута домашните израмнија благодарение на автогол по шут од речиси мртов агол кој беше нафрлување. Голот за 1-1 погледнете го ТУКА.