Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше стрелец на голот за Ал Фејха во ремито (1-1) против Дамак, во првенството на Саудиска Арабија.

Трајковски ја погоди противничката мрежа во 65.минута и израмни на 1-1, откако Соудани во првиот дел донесе водство за Дамак.

Тоа беше само прв гол за Трајковски сезонава во дресот на саудискиот прволигаш за кој потпиша пред точно една година. Неговиот тим сега е на 11. позиција на табелата со 19 бодови.