Фудбалерите на Валенсија имаат ужасен почеток на сезоната, а тоа го потврдија со пораз од Лас Палмас со 2-3 на домашен терен.

Пепелу погоди за предност од 1-0 на Валенсија во1 4. минута, но потоа гостите погодија дури три пати, преку Муноз, Силва и Молеиро за водство од 3-1.

Во завршницата од мечот Тарега погоди за 2-3, по што Валенсија немаше сила и за трет гол на натпреварот.

Домашните останаа и со играч помалку во вториот дел, кога исклучен беше Пепелу.

Македонскиот голман Столе Димитриевски не доби минутажа на овој натпревар. И овој пат остана на клупата за резерви гледајќи го срамот на неговиот клуб. Во следната рунда Валенсија гостува кај Хетафе.

Валенсија со овој пораз падна на дното на Ла Лига и има шест бодови, додека Лас Палмас има исто така шест поени, но и подобра гол-разлика.