Александер Бах стартуваше брутално во 30-тата минута во дуелот со Пици од Брага и фудбалерот на Бенфика беше исклучен.
Бах без контрола, и грубо со отворен ѓон стартуваше на скочниот зглоб на ривалот но за среќа не го повреди потешко.
Судијата Мартинс најпрво му покажа жолт картон, а потоа доби инструкции од ВАР-собата да ја провери ситуацијата и ја промени одлуката со црвен картон за Бах.