Окафор е херојот на росоњерите, во 93 минута после неверојатен пресврт му донесе триумф на Милан на гости против Удинезе. Со головите на Јовиќ и Окафор во финишот од натпреварот Милан со 3-2 го совлада Удинезе на негов терен.
Милан одлично го започна натпреварот, поведе со гол на Лофтус-Чик во 31. минута, но десет минути подоцна српскиот напаѓач Самарџиќ го изедначи резултатот на 1-1 по една индивидуална акција.
Во 62. минута Тован беше срелец за комплетен пресврт и водство на Удинезе од 2-1, но тоа не беше единствениот пресврт на резултатот на овој дуел.
Во 83. минута Јовиќ начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Удинезе за 2-2. А во 93. минута Окафор се најде на вистинското место и постигна гол за голема победа на Милан од 3-2.
Мечот го одбележа расизмот на домашните навивачи, по кој голманот Мајк Мањан реши да го напушти теренот. По краток разговор со соиграчите и судиите, тој се врати на дуелот, затоа што ситуацијата се смири.
Милан има четири победи во низа во Серија А, а во следната рунда ќе игра дома со Болоња.